Некои од овие парови се мачеле да зачнат, но не успеале, па решиле да посвојат, додека има и такви кои покрај биолошките деца, сакале да обезбедат дом и за оние деца што немале родители.

Мадона

Пејачката има четири посвоени деца: Дејвид Банда, Мерси Џејмс и близнаците Стела и Естер. Сите деца се родени во Малави. Дејвид го посвои во 2006 година, Мерси во 2009 година, а осум години подоцна и близнаците.

– Понекогаш ги затворав очите и помислував: „Зошто мојата кујна не е полна со деца што играат? Има толку многу деца на кои им треба дом. Си помислив: Што чекам?“ – изјави таа во една пригода. Покрај посвоените деца, таа ги има и биолошката ќерка Лурдерс и синот Роко.

Бред Пит и Анџелина Џоли

Поранешните сопружници имаат големо потомство. Покрај нивните биолошки деца Шило, Нокс и Вивиен, Пит и Џоли ги посвоија Медокс, Пакс и Захара од Камбоџа, Виетнам и Етиопија.

Сандра Булок

Сандра го посвои синот Луси среде разводот со Џеси Џејмс, а пет години подоцна во нејзиниот дом пристигна нејзината ќерка Лајла. Булок ги посвои Луис и Лајла од дом за незгрижени деца во Луизијана.

Хју Џекмен и Дебора-Ли Фурнес

Тие го посвоија синот Оскар и ќерката Ава по проблеми со плодноста. Џекмен сподели дека тој и неговата сопруга, која имала 40 години кога се венчале, се бореле со спонтани абортуси и вештачко оплодување. Потоа решиле да посвојат две деца.

Кристин Дејвис

Актерката ја посвои својата ќерка Џема во 2011 година.

– Ова е нешто што го посакував долго време. Остварувањето на оваа желба е позадоволувачко отколку што некогаш можев да замислам. Се чувствувам толку благословена – рече таа во изјава за магазинот „Пипл“. Во 2018 година таа го посвои и синот Вилсон.

Кетрин Хејгл и Џош Кели

Тие ги посвоија ќерките Нали и Аделаида.

– Отсекогаш знаев дека сакам да посвојам дете – изјави актерката во 2011 година. Нали е посвоена од Јужна Кореја во 2009 година. Тие ја посвоија својата втора ќерка три години подоцна. Двојката има и биолошки син, Џошуа.

Шарлиз Терон

Актерката има две посвоени ќерки Џексон и Август. Терон го посвои своето прво дете во март 2012 година, а три години подоцна Август пристигна во нејзиното семејство.

– Кога го поминав првото посвојување, мајка ми ми го покажа моето писмо од детството. Кога имав осум години, дојдов до идеја да имам семејство преку посвојување. Мајка ми ми рече: – Никогаш не побара од мене да родам уште едно дете. Никогаш не ми побара помлад брат или сестра. Само одеднаш зборуваше за посвојување. Но, отсекогаш знаев дека сакам да бидам мајка“, рече Шарлиз.

Шерон Стоун

Шерон има три посвоени сина, а едниот од нив го посвои со тогашниот сопруг Фил Бронштајн. Кога се разделија во 2004 година, се вклучија во долга битка за старателство.

Следната година Шерон го посвои синот Лерд, а само една година подоцна и третиот син Квин.

Џејми Ли Кертис и Кристофер Гост

Двојката посвои две деца со разлика од девет години. Кертис во едно интервју откри дека одлучила да посвои поради неплодност. Тие ја посвоија Ени во 1986 година, а подоцна во семејството се приклучи и нивниот син Томас. Во 1996 година Џејми напиша книга за деца наречена „Кажи ми повторно за ноќта кога се родив“, приказна наменета за посвоени деца.

Кејт Бланшет

Пред седум години таа и нејзиниот сопруг ја посвоија ќерката Едит.

– Семејството Аптон посвои девојче. Нема да објавуваме други детали – изјави Кејт тогаш. Пред тоа Кејт изјави дека би сакала да посвои дете. Двојката има и три биолошки сина.



912

X