Кога не ја забавува публиката, Ештон Качер се бори против сексуалната злоупотреба на деца. Неговата непрофитна организација идентификувала 5.894 деца што биле жртви и спасила 103 од „ситуација во која сексуалното насилство е снимено и дистрибуирано“.

Тоа се податоци за 2017 година. Организацијата „Торн, дигитал дефендерс оф чилдрен“, која ја помагаат цели тимови, од полицијата до адвокати, психолози и експерти од ИТ-секторот, во 2009 година ја формираа Ештон Качер и неговата бивша сопруга Деми Мур.

– Тешко ми е да зборувам за ова, а да не бидам емотивен. Нашата цел е да направиме технологија која ќе ни помогне во борбата против сексуалната експлоатација на децата. Можеш да ги засукаш ракавите и да се обидеш да бидеш суперхерој така што ќе спасиш една личност или можеш да направиш алатка која на една личност ќе ѝ овозможи да спаси многу луѓе – рече Качер.

 

View this post on Instagram

 

Breakfast @ pedra de gavea @lucianohuck

A post shared by Ashton Kutcher (@aplusk) on

Во 2017 година тој апелираше до Конгресот да се преземат сите можни мерки за да се спречи хоророт низ кој поминуваат децата и жените низ светот.

На оние што му порачаа да се држи до својата регуларна работа, Качер им раскажа дека видел дете старо колку неговата ќерка кое било силувано од возрасен маж. Детето имало 3 години.

– Гледав видео од дете кое има години колку и моето дете, а беше силувано од Американец кој бил секс-турист во Камбоџа. На крај, средината го убеди дека тоа е само игра. Бев на телефонска линија со мојот тим кој ми бараше помош откако доби повик од официјално лице кое му кажало дека 7-годишно девојче е сексуално злоупотребено и дека видеото се рашири по црната мрежа, и дека службите тоа го гледаат 3 години, но не можат да го најдат сторителот, па бараа помош од нас. Ние сме последната линија на одбрана. Тоа е мојата работа и ќе продолжам да ја работам – рече Качер.



912

X