Игротека

Емотивна средба на две дечиња по излегувањето од болница каде што се бореле против ракот

3-годишните Мек и Пајсон се запознале во детската болница „Феникс“ додека се бореле против ракот.

За среќа, и двете дечиња оздравеле и излегле од болница, но во различен период, па пред еден месец имале можност повторно да се сретнат. Токму овој емотивен момент помеѓу нив беше овековечен со видео.

На видеото се гледа како Мек ѝ подарува на Пајсон букет цвеќиња, а потоа се прегрнуваат. Потоа другарчињата танцуваат заедно.- Вистински благослов е да се види како нашите деца се однесуваат како деца – вели мајката на Мек, Даниел Портер.

Трејси Алтис, мајката на Пејсон, вели дека Мек и Пејсон се пример за тоа како човек ги пребродува тешките ситуации.

– Во текот на овие страшни и тешки времиња, што и да се случи, пример нека ви се децата, затоа што тие ќе ви го покажат патот – вели таа.

Извор

Поврзани написи

To top