Игротека

Еден донор на сперма, 36 бебиња и многу тужби

Родителите сметале дека донорот 9623 е генијален избор бидејќи зборува четири јазици, а не е некој што го напуштил факултетот и има криминално досие. Не го знаеле неговото име, но од неговиот беспрекорен профил знаеле дека овој донор на сперма има IQ 160, зборува четири јазици, подготвува докторат од невронаучен инженеринг и изгледа како Том Круз.

Но, донорот број 9623 не бил таков каков што се претставувал. Не бил ни на постдипломски студии. Никогаш не завршил факултет. Неговите лаги почнале да се разоткриваат во 2014 година, кога банката за сперма случајно го открила неговото име: Крис Ејџелес, и неговата е-адреса во групна порака на мајките. Дотогаш, спермата што ја донирал во период од 14 години била испратена во повеќе држави, а од неа се родиле најмалку 36 бебиња.

Љубопитните мајки сурфале на интернет и нашле коментар што тој го оставил на интернет за тоа дека „слушал гласови“. Подоцна дознале дека бил хоспитализиран поради ментална болест, дека имал самоубиствен напади и дека бил обвинет за упад во дом – сето тоа пред или за време на донирањето сперма.

Банката за сперма не знаела ништо од ова и не проверила ниедна информација од неговата биографија што се наоѓа на неговиот профил, се наведува во тужбите поднесени од мајките. Тие биле шокирани кога сфатиле колку нерегуларности има во банката за сперма. Сега се загрижени дека нивните деца можат да наследат предиспозиции за ментална болест. Од 2016 година тие поднеле повеќе од 10 тужби против банката за сперма, а еден случај сега се води пред Врховниот суд на Џорџија.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top