Здравје

Две големи вистини за бебињата и мајките по породувањето

Нилс Бергман, шведски лекар, почесен виш предавач на Универзитетот во Кејптаун, во родилиштето „Моубреј Матернити хоспитал“ работел како лекар и годишно надгледувал околу 18.000 породувања. Неговото предавање од работилницата „Пронаоѓање на вистината за породувањето“ го пренела Кети Доуб, основачка на непрофитната организација „Бртворкс интернешнл“, која се занимава со едуцирање на медицински персонал за породување и доење.

Д-р Бергман вели дека не смееме да работиме против природата бидејќи со тоа долгорочно им штетиме и на бебињата и на мајките. Според него, има само 2 вистини:

1. Бебињата и мајките не треба да се разделуваат по породувањето и 2. Мајката никогаш не смее да биде сама по породувањето.

Овие 2 вистина, според Бергман, се апсолутни и секогаш треба да се стремиме кон нив. Одвојувањето не смее да се случи и тоа е наука, вели тој. Се разбира, се согласува дека постојат здравствени ситуации и компликации поради кои мајката и бебето се одвоени, но во повеќето случаи мора да бидат заедно.

Нема докази за мајката и детето да се раздвојуваат по породувањето, истакнува д-р Бергман. Важно е да се сфати како функционира бебето, вели тој. Околината на бебето е мајката. Бебето е 100 отсто зависно од мајката. Дури и едногодишното дете е 99 отсто зависно од мајката. Бебето зависи од мајката поради сензорните и општествените стимулации. Одвојувањето на прерано родените бебиња и нивниот престој во инкубатор долгорочно влијае лошо врз мозокот на тие бебиња. Тие се целосно лишени од влијанието на мајката, гласот, допирот и тешењето кое го хранат бебешкиот физички, психолошки и невролошки развој. Недостигот на заштита и поддршка од возрасните детето ги доживува во токсичен стрес. Одвојувањето на мајката и бебето во сите случаи претставува токсичен стрес.

Спротивност на тоа е носењето на детето, кога се мајката и детето блиску. Тогаш се произведува окситоцин, хормонот на среќа и љубов. Нашата биологија е да не се одвојуваме од мајката. Ниту едно животно не спие во одвоен кревет. Само луѓето ги одвојуваат своите потомци од себе. Тоа не е природно и тоа го чувствуваат и мајката и бебето. Мајчината близина влијае врз секој елемент кај бебето, вклучувајќи ги и работата на срцето, апетитот, ослободувањето хормони и интензитетот на активности, истакнува Бергман,

Како бебето ја доживува одвоеноста од мајката?

Одвојувањето од мајката новороденчето го доживува како опасно за живот и тоа предизвикува дисрегулација на телесната физиологија, работата на срцето, температурата, начинот на спиење, лачењето на кортизол и слабеењето на имунитетот. Одвојувањето предизвикува и стрес и води кон производство на хормонот на стрес – кортизол. Д-р Бергман смета дека и прерано родените бебиња треба постојано да бидат покрај мајката. Контактот кожа на кожа е докажан во долгогодишните истражувања и мора да почне со раѓањето, а потоа и да се продолжи. Неговите искуства покажале дека бебињата што се одвоени од мајката многу полошо спијат и тешко го воспоставуваат циклусот на спиење.

Зошто мајките не смеат да останат сами?

Мајките не треба да бидат оставени сами, кога имаат друштво, се чувствуваат сигурно и можат целосно да се посветат на бебето, што е исклучително важно. Во првите недели по породувањето на мајките им е важно да им се даде поддршка, потпора, утеха, помош и сигурност. Истражувањата покажале дека присутноста на придружник на породувањето го зголемува ослободувањето на окситоцинот и го намалува феталниот дистрес. Бабицата, исто така, го намалува нивото на кортизол, а таткото влијае врз зголемување на допаминот (хормонот на угодување). Сето тоа овозможува мајката да се чувствува безбедно и опуштено.

Ако по породувањето во домот се присутни и други зрели, возрасни луѓе, мајката тогаш целосно може да му се посвети на детето. Детето ќе биде посмирено, подобро ќе јаде, ќе спие и ќе се развива, а мајката ќе биде помалку под стрес. Д-р Бергман вели дека сè може да се сведе на следното: Фетусот прашува – „Дали сум безбеден?“ Ако се чувствува безбедно, неговото тело ќе произведува окситоцин. Ако чувствува дека не е безбедно, ќе произведува вазопресин, хормон на стрес, а потоа и кортизол. Колку долго треба да се дозволи бебето и мајката да бидат во контакт кожа на кожа? Сè додека бебето не покаже дека му е доволно, заклучува Бергман.

Автор: Марина Стојановиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top