Актерот Ричард Гир (70) и сопругата Алехандра Силва (36) по втор пат ќе бидат родители. Тие го очекуваат своето второ дете, кое доаѓа по девет месеци откако Алехандра го роди нивното прво дете, синот Александер.

Гир е, исто така, татко на 19-годишниот Хомер Џејмс Џигме, кој го има со поранешната сопруга Кери Лоуел, додека Силва го има синот Алберт од претходниот брак, кој има шест и пол години. Гир и Силва се познаваат повеќе од една деценија, а почнале да се забавуваат во 2014 година. Во април 2019 извор за магазинот „Пипл“ изјавил дека тие се венчале и се пресреќни, додавајќи: „Многу им е удобно и пријатно кога се заедно, се забавуваат и се радуваат на својата заедничка иднина“.

Откако се раширија вести за нивната свадба, извор кој долги години го познава Гир открил дека тој бил посреќен во оваа половина од неговиот живот бидејќи е стабилен, самоуверен и го прави тоа што го сака. Силва ја откри бременоста со првото дете на социјалните медиуми, објавувајќи фотографија на која се гледа како далај-лама го благословува нејзиниот стомак.

фото извор: hellomagazine.com

– Не можевме да објавиме пред да му кажеме на далај-лама – напишала бизнисменката и активистка од Шпанија во септември 2018 година.
Додека парот ја чуваше својата приватност далеку од јавноста во текот на првата бременост на Силва, тие заедно се појавија во Мадрид кон крајот на октомври во 2018 година со „кежуал“ изглед.

 

 

View this post on Instagram

 

¡Soy muy feliz! ❤️ … I’m so happy! #happygirl

A post shared by Alejandra Gere (@alejandragere) on

Автор: Карен Мизогучи и Елизабет Леонард

 



912

X