Откако британските медиуми објавија дека во тамошните училишта масовно се отстрануваат аналогните часовници бидејќи учениците знаат да читаат само дигитални, познатиот американски водител Џими Кимел реши да ја испита ситуацијата во Америка. Неговата екипа излезе на терен со аналоген часовник и праша неколку деца колку е часот.
Од неколкуте деца што беа анкетирани само едно даде точен одговор. Другите одговараа со „не знам“ или даваа одговори кои не се ни приближно до точното време што го покажува часовникот.
Погледнете го видеото.