Децата чии родители се разведени имаат поголеми шанси да бидат дебели.

Научниците го следеле индексот на телесна маса кај 7.500 деца од нивното раѓање до 11-тата година. Откриле дека просечната вредност кај децата чии родители сè уште се во брак е 19. Кај децата на разведени родителите вредноста е 19,5.

Експертите сметаат дека децата од разведени родители се склони кон нездраво хранење бидејќи нивните родители имаат помалку време за да им подготват здрави оброци.

Првиот индекс на телесна маса е измерен кога децата имале само 9 месеци. Повторени биле мерења на 3, 5, 7, 11 и 14 години. Набљудувана е и околината во која децата растеле, како и материјалниот статус на родителите.

Кога ќе се спореди индексот на телесна маса кај децата, се гледа значителна разлика, а најголемо влијание имало кај децата што биле свесни за разводот на родителите и биле постари од 6 години. Како причини се наведуваат помалку здравата исхрана, но и сиромаштијата, бидејќи родителите немаат пари за да им платат на децата активности надвор од училиштето. За децата е многу опасно да бидат дебели бидејќи можно е да развијат дијабетес тип 2, некое срцево заболување или рак.



912

X