Велат дека бебето мора често да јаде, дека треба да му ја менуваме облеката и дека ќе спие. Секоја мајка си мисли дека ќе има и малку време за себе. Слушаме разни приказни за тоа како изгледа маjчинството, додека всушност не стигнеме до тој период од животот.
Една мајка на смешен начин го прикажува текот на денот со мало бебе;
6:30 – Се будам бидејќи моето бебе се грчи под мене. Повторно заспав додека го доев. Не се грижам, направивме бебето да биде безбедно додека спие. Единствено што млекото ми излегуваше од градите додека спиев така. Само го повлекувам да продолжи да цица. Повторно заспиваме.
7:30 – Повторно се случува истото! Повторно заспав пред да ја ставам маицата.
9:00 – Будно е, но не сака да лежи. Се обидувам да го дојам уште малку за да ги затворам очите уште барем пет минути, но морам да му ја сменам пелената. Се облекувам и одиме на пресоблекување.
9:08 – Будно е, но не сака да лежи. Го држам во марамата додека се обидувам да приготвам појадок. Му истурив неколку житарки на главата. Сега плаче.
10:00 – Го вадам од марамата, одиме во дневната и повторно го дојам. Се смирува, цица. Успеав да изгледам цела епизода од серијата. Заспав и ова е многу поубаво отколку што мислев.
10:59 – Време е за нови пелени. Сепак не е толку убаво. Не менував пелени пред малку?

11:05 – Го ставам во креветчето, се буди, па повторно заспива. Ми остана облеката за диплење. И бањата е хаос. Треба да сработам нешто од ова.
12:00 – Бебето се буди, а јас се обидувам да изедам неколку колачи. Морав повторно да му ги сменам пелените, а само што зедов колаче в рака. И, се разбира, повторно е време за доење. Градите повторно ми се воспалени и сега е двојно потешко.
13:00 – Отидов да се бањам, гледам дека е среќен и мирен. Сепак, плачеше, па водена излегов од бањата за да го земам в раце. Едвај успеав да се избањам.
14:00 – Пак го дојам. И двајцата треба да спиеме по траумата со бањата. Додека спијам, замислувам колку би било убаво да ставам малку шминка.
16:00 – Сопругот доаѓа дома. Веднаш прави лоша гримаса бидејќи бебето се искака. По цел ден јас, сега нему му е редот.
17:00 – Конечно сопругот ми направи вистинска храна.
17:30 – Јадам, конечно. Не го држам бебето в раце. Можам да се опуштам.
18:00 – 21:00 – Кластер доење. Седам на каучот и читам, додека бебето ја менува страната на која цица. Малку прави пауза, па продолжува. Порано во ова време од денот со сопругот одевме некаде на вечера. Почнувам да плачам кога ќе се сетам на тоа. Дали ќе бидам врзана за каучот со часови и часови секој ден? И баш тогаш бебето заспива.
21:05 – Му ги менуваме пелените без да го разбудиме. Го ставаме во креветчето. Сега имаме најмалку два часа за себе. Го користиме тоа време за да седиме на каучот.