Жените раѓаат секој ден, така што гинеколозите смислија прилично стандардна рутина. Но, не сѐ во таа рутина е нужно најдобро за мајката и бебето.
За среќа, работите се менуваат со повеќе истражувања, но некои студии покажаа дека нормалната практика на стегање и сечење на папочната врвца во период од 60 секунди по раѓањето е штетна.
Во 2015 година бабицата Чауни Бруси објавила статија во која пишува дека е против стегање и сечење на папочната врвца толку брзо по раѓањето, и тоа со добра причина. Бебињата добиваат кислород од папочната врвца, така што со нејзиното сечење веднаш по раѓањето на бебето, малите бели дробови на бебето се борат да се совпаднат со темпото на крв што тече низ нив за да го добијат првиот здив.

Други истражувања откриле дека одложувањето на сечењето на папочната врвца, всушност, помага да се олесни транзицијата на бебето. Може да му даде на бебето повеќе крв, кислород и време да се приспособи.
Всушност, зачудувачки е колку крв добива бебето од папочната врвца по неговото раѓање.
– Импликациите се огромни. Зборуваме за одземање на 30 до 40 отсто од крвта на бебињата при раѓање – и само затоа што користевме лоша практика – вели акушерката Ајлин Хатон.
Медицински службеник од Националниот институт за детско здравје и човечки развој се согласува.
– Добар дел од крвта бебето добива ако чекате минута и пол или две минути. Нему му е потребна дополнителна количина крв за да ги наполни белите дробови – вели тој.
Чекањето да се пресече папочната врвца го намалува ризикот од крвавење, бебето има повисоко ниво на хемоглобин, зголемено е железото, и го намалува ризикот од анемија подоцна во животот.
Иако не се користи редовно, практиката на чекање да се стегне и пресече папочната врвца е дел од рутината кај предвремено родени бебиња на кои им се потребни крвните клетки. Но, ако ги има сите придобивки, тогаш зошто лекарите ја сечат папочната врвка веднаш по раѓањето?
Едноставно: полесно им е да го преместат бебето. Исто така, со тоа процесот е побрз, што е огромна мотивација за лекарите. Светската здравствена организација препорачува да се почека една до три минути пред да се пресече папочната врвца за да се спречи недостиг на железо и анемија.
Во Обединетото Кралство во 2015 година Националниот институт за за здравје и нега веќе ги промени упатствата за да го одложи сечењето на папочната врвца најмалку пет минути.
Автори: Никол Вивер