Верувале или не, дури и најчудните форми и методи на родителство некогаш биле широко прифатени како сосема нормални работи.

Еве неколку родителски стилови кои беа широко прифатени во минатиот век, а денес би биле целосно неуспешни.

Непокажување љубов и нежност кон детето

Џон Вотсон бил првиот американски експерт за родителство. Тој објавил многу популарни написи за развојот на детето во текот на 20-тите години. Во својата книга „Психолошка грижа за новороденчето и детето“, Вотсон напишал: – Нека вашето однесување кон детето секогаш биде објективно и љубезно, но цврсто. Никогаш не гушкајте го и не бакнувајте го, никогаш не дозволувајте да ви седне в скут. Ако треба, бакнете го в чело кога ќе му посакате добра ноќ. Ракувајте се со него наутро. Тапкајте го по главата ако добро извршило некоја потешка задача.

Инсистирање на правилно држење на телото

Родителите и експертите во 20-тите години на минатиот век отишле предалеку во поттикнувањето на доброто држење на детето. Лошото држење на телото се сметало за знак на морална расипаност, па родителите ги принудувале децата да стојат исправени. Им забранувале да играат некои игри, ги запишувале на курсеви за држење на телото и им ставале протези што им го истегнувале грбот. Некогаш држењето на телото се земало предвид дури и при прием на факултет.

Бебешки кафези

Во 1922 година Ема Рид поднела барање за патент за „преносен бебешки кафез“. Во тоа време свежиот воздух се сметал за суштински за здравјето на децата – можеби и разбирливо со оглед на распространетоста на туберкулозата – а кафезите за бебиња биле дизајнирани така што градските деца да можат да бидат на свеж воздух колку што е потребно, затворени во кафез.

Кафезите станале многу популарни, особено во Лондон, но трендот не траел долго. Започнала Втората светска војна и се зголемил бројот на автомобили кои го загадувале воздухот, па оваа практика набрзо згаснала.

Навикнување на нокшир веднаш по раѓањето

Овој метод бил во мода во 40-тите години. Во далечната 1932 година американската Влада објавила здравствена книшка за грижа за доенчиња во која се советувале мајките да почнат да го ставаат на нокшир детето неколку дена по раѓањето. За среќа, изумот на пелени за еднократна употреба ги направил работите полесни.

Одбивање заштита и безбедност

Постарите луѓе сакаат да зборуваат за тоа како ги обликувало растењето во 60-тите и 70-тите години. Се фалат колку било забавно да се вози велосипед без кацига, или да се лизга по снежна планина на штица, но тоа воопшто не било забавно. Огромен број деца биле повредени само возејќи велосипед или спуштајќи се по падините. Носењето кациги и безбедносни појаси е толку едноставно и во голема мера го намалува ризикот од тешка траума.

Мали гении

Во текот на 90-тите години преовладуваше верувањето дека е доволно детето да се остави да гледа едукативните програми на ТВ за да се развие неговата интелигенција. Во меѓувреме се покажа дека тоа не само што не ја развива интелигенцијата на детето туку доведува и до нарушување на говорот. Поради ова, експертите денес се на мислење дека дете под 2 години не треба да гледа во екранот.

„Хеликоптер-родители“

Тоа се родители на модерното време за кои е нормално да се мешаат во сите аспекти од животот на детето, со што се спречува учењето на независноста. За децата што имаат вакви родители, специфично е што имаат повеќе емоционални проблеми во споредба со врсниците.

Извор



912

X