Тоа што сте нови родители не значи дека имате право на сѐ и сешто. Така, на пример, твитер-корисник Џек Џокинен споделил интересна приказна за едно чудно семејство од неговото соседство. Џек добил покана да се приклучи на социјалната мрежа „Некстодр“ и на тој начин дознал за пар кој штотуку добил бебе и не можел да се снајде околу бебето и домашните обврски.

Токму затоа, тие побарале помош од заедницата преку веб-страницата за споделување оброци. Една од работите што ја побарале од соседите било храна. Звучи како едноставно барање, нели? Но, се чини дека парот очекувал постојан кетеринг на високо ниво, и тоа бесплатно.

Парот дефинирал специфично однапред избрани оброци. Да, токму така. Новопечените родители сакале нивните пријателски настроени соседи да им ги приготвуваат омилените оброци и составиле листа со над 30 оброци, со специфични рецепти за секој оброк.

Ако нивните соседи не знаат да готват, тогаш парот имал други обврски што тие би можеле да ги извршуваат, како миење садови или чистење со правосмукалката.

Засега никој не се пријавил за извршување на нивните домашни обврски.

Извор



912

X