Младиот Анди Исмаили од танцовото студио „I Dance” од Гостивар е новиот светски шампион во категоријата современ танц соло на Светското првенство што се одржува во Оса, Полска.

Победничката кореографија со наслов „Don’t answer the phone” е дело на Андријана Петковски од „Брејк а Лег”, додека тренери на Анди се Вулнет Незири и Сарита Селмани од танцовото студио „I Dance”.
Следен предизвик за овој исклучително талентиран танчар е Европското првенство во џез, современ и класичен балет што ќе се одржи во Скопје во Националната опера и балет.



912

X