Можеби никогаш нема да ги знаете приказните за луѓето со кои сте се сретнале, но некои заслужуваат да бидат гласно кажани и споделени. На неодамнешен лет екипажот од авионот им претстави многу посебен гостин на патниците.
На летот беше 6-годишното девојче Џеса кое одеше дома по нејзиното патување во „Дизниленд“.
– Дали сте подготвени за ова? Ова девојче го победи ракот и повеќе нема рак. Како ви се допаѓа тоа? – рече стјуардот.
На снимката објавена од мајката на Џеса може да се види како аплаудираат патниците во авионот.
– Да, тоа е неверојатно достигнување. Сакаме да ти посакаме добредојде дома, сакаме да ти посакаме здрав, среќен, просперитетен и долг живот. Продолжи да се бориш, мило ми е што си тука со нас – рече стјуардот.
Патот на Џеса не бил лесен. Во август 2022 година нејзината мајка објави видео на кое е прикажана нејзината борба со ракот.
– 762 дена, 61 хемоинфузија и стотици апчиња. Готово – напиша таа под видеото. На видеото може да се види како малата Џеса ги зема апчињата што ѝ се потребни.
Оттогаш, приказната за малото девојче стана вирална, со повеќе од 2 милиони прегледи на „Тик-ток“.
– Ви благодарам на сите што го поддржавте нашиот мал воин. Горди сме на неа и срцата ни се топли што ги споделуваме љубовта и надежта што зрачат од неа – напиша нејзината мајка.