Воспитување

Видео: Аутистично момче доби куче и трогна многумина со својата реакција

Трогателното видео на социјалната платформа „Тик-ток“, во кое родителите го изненадуваат својот аутистичен син со кученце, воодушеви илјадници луѓе. Соништата на ова момче се оствариле кога тоа добило ново домашно милениче.

Штом го виде, го зеде в раце и почна да го гушка. Солзи радосници му течат по образите, но и покрај тоа, тој успеа да каже: „Ти благодарам, мамо!“

Откако било објавено, видеото собрало 6,1 милион прегледи и 790 илјади допаѓања.

„Ова ме расплака“, „Прекрасна сцена“, „Честитки за новиот пријател“, се дел од коментарите на корисниците.

Извор

Поврзани написи

To top