Сите знаеме дека играта им користи на децата на безброј начини, од развивање на нивната имагинација до емоционален и физички развој. Но, истражувањето на Меѓународното здружение на производители на опрема за играње (IPEMA) откри дека денешните родители сè помалку ставаат акцент на играта.

Здружението проучувало 1.000 американски родители за да ги открие и разбере генерациските разлики во ставовите за играта. Еве неколку клучни информации од анкетата:

Родителите бумери (родени по Втората светска војна до раните 60-ти), се согласуваат дека децата имаат физичка корист (93 отсто), социјална (87 отсто), емоционална (85 отсто) и когнитивна (80 отсто).

За родителите милениумци, овие вредности се пониски: социјална (75 отсто), физичка (74 отсто), когнитивна (68 отсто) и емоционална (65 отсто).

Децата на милениумците играат во затворени простории речиси двојно повеќе од децата на бумерите, кои поминувале во просек 4,11 часа надвор дневно во споредба со 2,47 часа поминати надвор на децата на милениумците.

Родителите-милениумци имаат 73 отсто поголема веројатност да планираат време за играње за своите деца, во споредба со 45 отсто од бумерите.

– Децата на милениумците поминуваат повеќе време во четири ѕида затоа што и самите поминуваат повеќе време со технологијата и стравот – предизвикувајќи синдром на хеликоптер-родители. Масовното прифаќање на технологијата и користењето на мобилните телефони сега е епидемија, а времето пред екран се натпреварува со времето поминато во природа – вели Том Норквист, претседател на одборот за маркетинг на IPEMA. Тој верува дека фактот што испраќањето пораки го замени разговорот лице в лице е причината поради која повеќе време се поминува во затворен простор.

Исклучително е важно децата да имаат време за игра. Обидете се да избегнете пренатрупаност во распоредот на вашите деца и наместо тоа, нека изберат само две воннаставни активности.

Извор



912

X