Од 2019 година учениците во основно училиште во Источна Кина не ја започнуваат наставата со отворање на учебниците, туку со ставање ленти на глава.

Лентите за глава се развиени од стартап-компанијата „BrainCo Inc.“, од Сомервил, САД, и користат три електроди – една на челото и две зад ушите за да се открие електричната активност во мозокот на ученикот и да се испратат податоците до компјутерот на наставникот. Софтверот генерира предупредувања во реално време, за нивоата на внимание на учениците – и обезбедува анализа на крајот од секоја лекција.

Пилот-проектот, дизајниран да им помогне на наставниците да го следат и да го подобрат вниманието на учениците, нуди увид во развојот на вештачката интелигенција во училниците низ Кина. Наставниците велат дека гледаат позитивни резултати откако почнале да користат вештачка интелигенција во нивните училници.

„Наставниците јасно знаат кој е вклучен и активен на часот, а кој не. Тоа им е од голема корист“, истакнал Макс Њулон од стартап-компанијата „BrainCo Inc.“

Меѓутоа, откако на социјалните мрежи се прошири видео од малите кинески ученици во училница, многумина го изразија своето незадоволство.

„Ова е нарушување на приватноста, сакам моето дете да биде дете“, „Не сум сигурен зошто го прават ова“, „Изгледа како почетна сцена на научнофантастичен хорор-филм“, „Ова е проклетство. Децата ја губат својата креативност и невиност. Ако пораснат опкружени со роботи, и самите еден ден ќе се претворат во нив“, се некои од мислењата на луѓето.

Треба да се напомене дека во Кина овој експеримент се спроведува со родителска дозвола. И тие велат дека гледаат подобрување на дисциплината и фокусот кај децата.

Извор



912

X