„Кој прв?“ е нова друштвена игра од „Светот на Биби“ за подобрување на фокусот, брзината на реакција и вниманието на играчите. Играта се состои од 55 картички, секоја картичка има 8 симболи на неа, а две картички имаат еден симбол кој се повторува на двете. Идејата е да се пронајде истиот симбол меѓу две картички.
Постојат неколку начини на играње, но во сите играчите треба да го пронајдат истиот симбол на своите картички, и тоа што побрзо.
Наменета е за сите возрасти и може да играат до четири играчи во еден момент. Времето поминато во игра е најубавиот подарок!
Играта може да се купи на е-продавницата на svetotnabibi.mk и во сите продажни места низ Македонија.
(Комерцијална објава)
912