Доколку сѐ уште не сте започнале со подготовката на вашата ЕКО-маска, сега е вистинско време да го направите тоа бидејќи остануваат уште само 3 дена до финалниот рок за пријавување на најкреативните ЕКО-маски!

Сите заинтересирани дечиња може да го пријават своето учество на инфо-пултот на маркетот во „Рамстор мол“ најдоцна до 31.3.2023, или најдоцна половина час пред почетокот на настанот на 1 април на самото место на одржување на настанот.

Право на учество имаат сите деца на возраст од 3 до 14 години, кои ќе можат да земат учество на ЕКО Маскенбалот со изработка на ЕКО-маска, која треба да биде едукативна, креативнa и воедно да биде изработена од материјали кои може да се рециклираат, односно да биде изработена од пластика, најлон, хартија и слично.

Трите најдобри маски ќе добијат награди – штедни влогови од Шпаркасе банка. За прво место ќе добијат штеден влог од 7.000 денари, за второ место – штеден влог од 5.000 денари и за трето место – штеден влог од 3.000 денари!

Но тоа не е сѐ!

Дојдете заедно да се забавуваме со богата програма – многу музика, магионичарски трикови и вештини и одење по штули!
Дружење со маскотите и многу подароци и дегустации!
Бидете наградени за вашата креативност и иновативност и дојдете на незаборавно дружење на 1 април во 17 часот во „Рамстор мол“!

(Комерцијална објава)



912

X