Игротека

Жена изработува силиконски бебиња за филмската индустрија – погледнете го процесот на изработка

Сузан е професионална артистка која изработува силиконски бебиња за потребите на филмската индустрија.

Овие изработки изгледаат толку реални, што тешко е некој да препознае дека не се работи за живо бебе. Таа прво ги обликува со глина, а потоа ги слика, прекривајќи ги со силикон. Иако овој процес изгледа малку морбидно, сепак е потребен за филмската индустрија.

Бебињата изгледаат многу реално, а може да чинат до 8.500 долари, во зависност од изработката на косата и очите.

Сузан често наидува на критики на социјалните мрежи за, како што велат корисниците, морбидноста на овој процес, па дури велат дека е депресивна штом се занимава со ваква работа. Но, нејзиниот успех говори за нејзината исполнетост, а и таа тврди дека е среќна и задоволна со она што го работи.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top