Воспитување

Ќерка одлучила да му помогне на татко си во продажбата на книгата што ја напишал – продал 65 илјади примероци

На Лојд Деверо Ричардс му биле потребни 14 години да го напише романот „Stone Maidens“. Сега, 11 години по објавувањето на книгата, таа е трилер број еден на „Амазон“ благодарение на неговата ќерка.

Ќерката на Ричардс, Маргерит Ричардс, објавила видео на „Тик-ток“ за да „му го претстави на светот“ нејзиниот татко и неговиот роман. Продажбата на романот на Ричардс била слаба, а Маргерит се надевала дека „Тик-ток“ може да помогне да се заинтересираат луѓето за работата на нејзиниот татко.

Видеото оттогаш е прегледано 47 милиони пати. Минатата недела, Лојд Ричардс од непознат автор стана најпродаван автор на „Амазон“.

„Многу сум ѝ благодарен на ќерка ми. Без неа и нејзината љубов и поддршка, ова немаше да се случи”, изјавил Ричардс за време на гостувањето во шоуто „Денес“.

Watch on TikTok

Маргерит објаснила дека пораснала гледајќи го нејзиниот татко како пишува, па знаела колку време и труд вложил во работата.

„Тој работеше цел ден, доаѓаше дома, вечераше со мене и моите браќа, поминуваше време со нас и ги искористуваше моментите да пишува. Кога беше објавена книгата, никој не беше погорд од нас. Во изминатите 11 години немаше многу луѓе што ја читаа книгата, но татко ми никогаш не беше негативен. Всушност, тој продолжи да пишува“, открила девојката. Кога нејзиниот татко го завршил продолжението на неговиот роман, Маргерит била трогната и скршена во исто време затоа што „никој не ја прочитал неговата прва книга“. Потоа се насочила кон „Тик-ток“, а останатото е историја.

„Се надевав дека би можела да предизвикам интерес за книгата кај само неколку луѓе. Не можев да сонувам за ваков интерес“, рекла таа.

За две недели се продадени 65 илјади примероци од книгата. Животот на 74-годишниот Лојд се променил преку ноќ.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top