Игротека

По седум деца, родила петорка: „Поголеми беа шансите да добиеме на лотарија“

Доминика Кларк неодамна роди петорка во болница во Краков. Оваа жена од Полска веќе е мајка на седум деца, на возраст од 10 месеци до 12 години, па последната бременост ја нарекува чудо. Лекарите велат дека шансите за зачнување петорка се 1 на 52 милиони.

– Планиравме осмо дете, но не очекувавме пет. Имавме поголеми шанси да победиме на лотарија. Како математичарка, ја сакам оваа статистика – вели таа.

Доминика последните 10 недели од бременоста ги поминала во болница, каде што докторите ја држеле под контрола поради можни компликации. За тоа време нејзиниот сопруг Винс бил дома и се грижел за нивните седум деца.

Бебињата се родени со царски рез во 29. недела, а таму ќе останат додека не зајакнат. Родени се три девојчиња Аријана Дејзи, Елизабет Меј и Еванџелин Роуз и две момчиња Чарлс Патрик и Хенри Џејмс.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top