Ако сте имале спонтан абортус, наоѓањето на вистинските цитати, зборовите кои навистина помагаат, може да бидат моќна алатка за исцелување. Цитатите за спонтан абортус може да ви помогнат да ги артикулирате сопствените сложени чувства; дури и чувствата што не сте биле во можност јасно да ги идентификувате.

– Тагата, во други искуства, често е за жалење по минатото. Спонтаниот абортус значи тагување по иднината.

– Загубата на бременоста често е тагување поради загубата на вашето време и истовремено тагување поради губењето на довербата во вашето тело.

– Загубата на бременоста е смрт што ја доживуваме во нашите тела: не постои смрт што ја доживуваме поинтимно од онаа што буквално поминува низ нас.

– Ние како жени немаме форум за да разговараме за длабочината на оваа загуба. Изгубив девет деца поради спонтани абортуси. Тоа не е мала работа, ниту физички ниту емотивно, но сепак имаме чувство дека тоа е нешто што треба да го доживееме сами и тајно со некакво чувство на неуспех.

– Го гледаме она во нејзината количка,
го гледаме она во нејзините прегратки,
но она во нејзиното срце е
невидливо
Невидено од светот,
но реално и сакано како што само дете може да биде.

– Светлината во моето тело се скрши
и темнината ме промени
во некој што сето тоа може да го издржи.

– Бев бремена.
Јас сум мајка.
Не го носев моето бебе многу долго.
Јас сум мајка.
Сакам бебе кое не стигна да биде држено.
Јас сум мајка.
Тагувам по моето бебе што не го родив.
Јас сум мајка
Јас сум мајка
Јас сум мајка.

Извор



912

X