Игротека

Земјоделките ќе добиваат по 9.000 денари за време на породилното отсуство

Владата ја донесе Програмата за обезбедување социјална сигурност за жените што вршат земјоделска дејност, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Првпат со оваа Програма се решава правото на користење надоместок за мајчинство за време на спреченост за вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кое не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на вршителките на земјоделска дејност. Предвидена е мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство на жените што имаат статус на осигуреник индивидуален земјоделец, стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето – соопштија од Владата.

Оттаму додаваат дека програмата е предложена како времено решение, со цел излегување во пресрет на земјоделките, до усогласување системско решение на кое веќе се работи.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top