Кога мајчинството конечно тропна на врата, а вие го држите своето прекрасно мало бебе в раце, што е тоа што најмногу го сакате? Единственото нешто што им е заедничко на сите мајки е решеноста да го зачуваат бебето безбедно и здраво по секоја цена. Ова е во природата на сите мајки, но некаде по пат се забораваме себеси.

Ја губиме нашата индивидуалност, ставаме ненормален стрес врз нашето тело и ум и се надеваме дека ќе функционираме како супержени. Дури и ако ги имаме на ум најдобрите интереси на нашето бебе, ова не се препорачува.

Не е себично ако одвојувате време за вашето хоби, ако уживате во храната што сакате да ја јадете, гледате филм, лежите во топла бања и спиете добро. Звучи како сон, нели? Па, не мора да биде така. Сето ова можете да го направите ако сакате. Ако се чувствувате виновни што не сте со вашето бебе додека се релаксирате или уживате, размислете за следново:

  • Само здрава мајка може да нахрани здраво бебе. Вашето тело поминало низ огромен стрес и исцрпеност за време на бременоста и процесот на породување. Вашето тело сега закрепнува и му треба помош за да го стори тоа. Му треба храна, сон и грижа, по тој редослед.
  • Хранете се здраво, никогаш не прескокнувајте оброци и земајте мултивитамини. Најдете време за јадење. Дајте го бебето на друг член на семејството додека го јадете вашиот оброк.
  • Спиењето звучи како луд сон кога имате новороденче дома. Тешко е да се одвојат 8 часа за спиење, но има и други начини. Еден од нив е да спиете кога вашето бебе спие. Така можете да спиете 1 или 2 часа во текот на денот, а тоа многу ќе ви помогне. Сите други домашни работи можат да чекаат. Додека спиете, вашето тело е во режим на закрепнување. Исто така, недостигот на сон може да ве направи раздразливи, тажни и депресивни.
  • Друга идеја е да измолзите мајчино млеко, доколку доите, чувајте го во фрижидер и дајте му го бебето на партнерот или на личноста која ви помага во првите денови по породувањето и одморете се. На тој начин можете да спиете малку повеќе.
  • Вашето бебе е центарот на вашиот свет, но вие сте и индивидуа.
    Почитувајте ги вашите потреби и грижете се за нив.

Грижата за новороденче може да ви создаде голем стрес. Одете на прошетка, изедете ја чоколадата што ја сакате (темната чоколада ви го подобрува расположението), слушајте ги омилените песни и одвојте барем еден час дневно за она што сакате да го правите и што ве опушта. Грижата за себе ќе ве одржува емоционално и физички здрави.

Кога ќе го држите вашето бебе по добар оброк, правилен одмор и добар ум, поспремни сте да се грижите за него и да го опсипете со сета своја љубов и внимание бидејќи се чувствувате подобро.

Запомнете, доброто родителство започнува од вас!

Извор



912

X