Финскиот министер за одбрана ќе земе речиси два месеца татковско отсуство на почетокот од следната година и покрај тоа што неговата земја е среде кандидатура да му се приклучи на НАТО, потег што неговата партија „Центар“ го пофали.

– Ние со гордост ја поддржуваме одлуката на Анти Кајконен – изјави лидерот на партијата и министер за финансии Аника Саарико. Кајконен ќе биде на породилно од 6 јануари до крајот на февруари.

– Можноста да се земе породилно и да се одлучи за семејно отсуство им припаѓа на сите – рече Саарико.

Кајконен во јули го објави раѓањето на своето второ дете.

– Децата се мали само за момент и сакам да се сеќавам на тоа не само од фотографии – напиша тој на неговиот твитер-профил.

Во Финска, татковците чии деца се родени пред септември 2022 година имаат право на 54 дена татковско отсуство. Околу 80 отсто од татковците во Финска земаат одреден дел од татковското отсуство, соопшти Владата минатата година.

Каиконен е еден од првите министри што ќе оди на татковско отсуство. Во доцните 90-ти години тогашниот премиер Пааво Липонен зел татковско отсуство, потег што се смета за револуционерен.

За време на отсуството на Кајконен, тој ќе биде заменет од пратеникот Мико Савола.

Финска и Шведска се откажаа од децениската воена неутралност и се обидоа да станат членки на НАТО во мај, по руската инвазија на Украина. Сите 30 земји членки на НАТО, освен Унгарија и Турција, го ратификуваа пристапувањето на Финска, за што е потребно едногласно одобрение.

Извор



912

X