Оваа и следната недела ќе се испечатат и испорачаат најголем дел од новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение, соопшти Министерството за образование и наука.
-Станува збор за над 20 учебници за кои нема жалбени постапки, по наставни предмети во прво, второ, четврто и петто одделение и тоа на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата, односно на македонски, албански, турски, српски и босански јази – наведуваат оттаму.
Од МОН додаваат и дека изработката на учебниците следува по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование.
-Во меѓувреме, за учениците беа набавени квалитетни наставни материјали кои ја обработуваат материјата за првото тримесечје, за да можат да работат за време на часовите и да го повторуваат совладаното по завршување на часовите – велат од МОН.
912