Образование

Хорот и оркестарот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје освоија прво место на фестивал во Италија

Хорот и оркестарот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје настапија на Интернационалниот фестивал во Ричоне (Riciione), Римини, Италија, под името „Сите бои на уметноста“ и го освоија првото место.

На фестивалот настапија 18 натпреварувачи од Литванија, Шри Ланка, Иран, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија, во различни категории. Македонскиот хор и оркестар под менторство на професорката по музичко во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“, Вера Ангеловска, се покажа во право светло и ги освои симпатиите и гласовите на жирито.

Со 31 глас од хористите и 9. члена на оркестарот, настапот на македонската музичка експедиција ги изнуди аплаузите и овациите од преполната сала во „PALAZZO DEL TURISMO” во Riccione (Ричоне), Римини Италија. Македонскиот училиштен хор и оркестар, за разлика од натпреварувачите на другите учесници, го немаше епитетот професионалци, но, сепак покажа дека има квалитет еднаков и подобар од професионалните музичари, што беше пресудно за победа и успех.

-Пехарот за првото место ќе остане во трајна сопственост на училиштето, како и оригиналната статуетка од Интернационалниот фестивал, и златните медали на градите на учениците ќе останат да сведочат за овој огромен успех на хорот и оркестарот на ООУ ,,К.Ј. Питу“, како прв и единствен претставник од Македонија на еден ваков светски музички настан – се вели во денешното соопштение.

Покрај хорот и оркестарот, на Фестивалот во категорија вокални солисти, македонски преставници беа Лана Алексовска (која го освои 2. место) и Ева Балканова (која беше третопласирана). Овие две ученички се воедно дел и од победничкиот хор.

Извор: МИА

Поврзани написи

Деветгодишниот Алек ја претвора љубопитноста во знаење – преку свој јутјуб- канал ги учи децата за вселената и науката

Прочитај повеќе

Од училишна клупа до идна професија: Како да му помогнете на вашето дете да го направи вистинскиот избор?

Прочитај повеќе

Магдалена Ангелевска, специјалист клинички логопед: „Подобро е да се направи навремена процена и да се утврди дека развојот е во рамките на нормалата отколку да се изгуби драгоцено време“

Прочитај повеќе

Виолета Велеска-Чадевска, специјален едукатор и рехабилитатор: „Децата најдобро учат кога се чувствуваат безбедни и сакани, а вашата конзистентна поддршка ја гради нивната самодоверба“

Прочитај повеќе
To top