Иако е важно да знаете што прават вашите деца на интернет, нивното контролирање може да ве натера да зажалите. Тоа е она што `ѝ се случило на една мајка која споделила видео на „Тик-ток“ во кое покажува што открила откако ја пребарувала историјата на „Гугл“ на нејзината осумгодишна ќерка.
Прво се покажале резултати како „училишни материјали“, „кој месец е јуни“ и „кујнски прибор за седумгодишници“. Девојчето го барала и одговорот на прашањето „дали Бог е вистински“, а пребарувала и „кутии за грицки“.
Но, кон крајот мајката наишла на прашањето: „Ако мајка ми е грда, дали и јас морам да сум грда?“
Видеото има 1,1 милион прегледи и повеќето од корисниците биле изненадени.
Истражувањето спроведено меѓу родители на деца на возраст меѓу 5 и 11 години покажало дека 57 отсто од старателите веруваат дека знаат на кои локации пристапуваат нивните деца, додека 37 отсто велат дека се „прилично сигурни“.
@issaplus4 Getting rid of my 8 year old, anyone want her ? #ifeeloffended #imgoingtogocrynow ♬ Oh No – Kreepa
912