Бебиња што плачат за време на лет е секогаш тема која предизвикува расправии и дебати. Додека некои луѓе се категорични дека треба да постојат летови без деца, други сметаат дека бебињата плачат и преостанатите патници едноставно треба да се помират со тоа.

Неодамна на „Тик-ток“ се појави дискусија откако еден корисник на социјалните мрежи сподели видео од 29-часовниот лет, за кој се верува дека е меѓу Нов Зеланд и Берлин, каде што бебе во авионот плачело во текот на целото патување.

Видеото што го сподели Хенри Бисли предизвика жестока дискусија околу темата деца и бебиња на летовите.

– Искрено треба да постојат летови само за возрасни и летови за деца со родители – напиша една личност.

– Јас би платил дополнително за летови на кои ќе нема деца – пишува друг корисник.

@balubrigada

Hey babe, how was your flight?

♬ original sound – Balu Brigada

Но, имаше и такви што сочувствуваа со родителите на детето.

– Ако сум слободен, секогаш се нудам да помогнам ако видам родител како се мачи. Немојте ни за момент да помислите дека на родителот му е забавно – напиша еден тик-ток-корисник во одбрана на родителот.

– Сочувствувам со мајката и сум сигурна дека прави сè за да му помогне на своето дете да се опушти – пишува друг.

Минатиот месец една жена повторно поттикна дебата откако ги повика авиокомпаниите да нудат летови само за возрасни.

Извор



912

X