Мајките ги познаваат и ги сакаат своите деца на начини кои никој не може да ги разбере. Токму затоа тие се експерти во давање најдобри совети за љубовта и животот. Тие се оние што нѐ носеле 9 месеци, нѐ родиле, се грижеле за нас и во некои случаи ги жртвувале сопствените соништа и цели за да ни дадат живот.

Тие се нашите најголеми обожаватели и најконструктивните критичари кои најмногу од сѐ сакаат да нѐ видат среќни, здрави и заљубени.

Во продолжение, жените од сите возрасти ги споделуваат најдобрите совети што им ги дале нивните мајки за љубовта, животот…

„Птиците со исти перја летаат заедно“ – Мајка ми еднаш ми ја кажа оваа реченица и претпоставувам дека тоа беше нејзино предупредување дека ако пријателите имаат сомнителен интегритет, таков ќе имам и јас – Ана.

„Во врска најсреќна си тогаш кога си независна“ – Мојата мајка и сестрите не беа некои најдобри советувачи кога станува збор за врските, но мојата менторка (која ја сметам за втора мајка) еднаш ми рече дека најсреќна ќе бидам во таа врска во која ќе бидам независна и во која сама ќе се поддржувам. Така со некој ќе бидам поради љубов, а не поради сигурност и стабилност – Каи.

„Никогаш не дозволувај врската да ја повреди твојата самодоверба“ – Ова ми го кажа мајка ми веднаш по раскинувањето на една моја долгогодишна врска. Иако мојата врска не функционираше, тоа не значеше дека треба да бидам несигурна во себе – Џесика.

„Мажот е навистина таков каков што ќе биде кога ќе губи“ – Ова ми го кажа мајка ми мислејќи на тоа дека ќе можам да видам како тој се справува со тешките работи и како може да се претвори нашата врска – Шенон.

„Не верувај му на маж кој не сака кучиња“ – Освен тоа, мајка ми отсекогаш ми велеше: „Начинот на кој момчето се однесува со својата мајка е начинот на кој ќе се однесува и со тебе“ – Мараја.

„Прво треба да научиш да се сакаш себеси пред да научиш да сакаш друг“ – Мајка ми секогаш ми велеше дека е тешко човек да научи да не биде себичен. Исто така, секогаш ми велеше да имам трпение и да научам да се сакам себеси за да сакам некој друг – Алекс.

„Биди со некој што ќе те сака повеќе отколку што ти ќе го сакаш него“ – Знам дека советот звучи чудно, но сестра ми (која ја чувствувам како втора мајка) веројатно мислеше дека е важно да бидам со некој што ќе ме сака неизмерно – Елизабет.

„Мисли си дека си најдобрата личност“ – Тетка ми отсекогаш ми велеше дека личноста со која ќе изберам да бидам засекогаш треба да ме смета и за најдобра пријателка. Тоа беше најдобриот совет што некогаш сум го добила – Џени.

Извор



912

X