Сите ве предупредуваат за утринска мачнина, киселини во желудникот, болки во грбот и други симптоми во бременоста кои на почетокот прават да се плашите и да бидете анксиозни. Сепак, бременоста може да има свои предности.
Густа и сјајна коса
Хормоните одговорни за лошите симптоми можат да ја направат вашата коса погуста и посјајна. И ако сонувате за долга коса, таа сега ќе расте побрзо од вообичаеното.
Јаки и здрави нокти
Ако имате проблем со тенки нокти кои често се кршат, бременоста прави чуда. Вашите нокти ќе станат силни и ќе растат побрзо, а за тоа придонесуваат и пренаталните витамини кои жените често ги пијат во текот на бременоста.
Поголеми гради
Дури и пред да дознаете дека сте бремени, вашите гради ќе почнат да се менуваат. Како што млечните канали се шират и се полнат со млеко, вашиот градник ќе биде поголем за два броја. Истакнете го вашето деколте!
Сјајна кожа
Некои трудници ќе доживеат зголемен проток на крв што додава боја на нивните образи. Покрај тоа, вашата кожа ќе биде поеластична и посјајна, па оттука и често изговорената фраза: „Блескаш за време на бременоста!“
Нема месечен циклус
Барем некое време ќе имате пауза од влошки, болки и обилно крвавење.
Подобар секс
Хормоните беснеат, а многу идни мајки потврдуваат дека доживуваат полесен, поинтензивен и побрз оргазам. Ако е во ред вашата бременост, уживајте.
Клоцање на бебето во стомакот
Најубавото чувство на поврзување со вашето бебе, кое ќе трае многу кратко, а потоа ќе остане само во убаво сеќавање.
912