Илон Маск е прогласен за најбогат човек на светот. Основачот на „Тесла“ е познат по своите строги родителски правила од кои никогаш не се откажува.
Никој не може да негира дека човекот е уникатен во неговиот животен стил. Ова особено важи и за неговиот стил на родителство.
Маск ги има близнаците Грифин и Ксавиер (кој го смени полот и сега се вика Вивиен) и трoјката Каи, Саксон и Демијан со неговата поранешна сопруга Џастин. Парот го изгуби својот прв син, Невада Александар, кога имал само 10 недели, во 2002 година.
Маск и поранешната девојка Грајмс го имаат синот КсА-Кси, кој на 4 мај ќе наполни две години, и ќерката Екс Дарк Сидерел, која се роди во декември 2021 година.
Во ноември 2021 година Илон доби близнаци од Шивон Зилис, извршна директорка на „Неуралинк“.
Да се биде дете на еден од најбогатите и најпрепознатливи луѓе во светот доаѓа со свои правила и очекувања.
Илон верува во можноста неговите деца да се образоваат преку интернет. Погледот на Маск кон образованието е неконвенционален. Во едно интервју Маск изјави дека верува оти неговите деца научиле повеќе од интернет отколку од кое било друго место.
– Судејќи според времето поминато на интернет, се чини дека најголемиот дел од нивното образование доаѓа од интернет – вели Маск.
Тој е отворен за неговите критики за традиционалното образование. Еднаш изјави дека колеџот е куп досадни домашни задачи и познато е дека од своите вработени во „Тесла“ не бара да имаат факултетска диплома.
– Мислам дека колеџот во основа е за забава, но не за учење – изјави тој во 2020 година.
Едногодишниот син на Маск и пејачката Грајмс не ја нарекува својата мајка мама. Наместо тоа тој ја нарекува со нејзиното име, Клер.
– Не знам зошто имам аверзија кон овој збор бидејќи го почитувам, но не можам да се поистоветам со него. Се чини дека син ми може да ја почувствува мојата одбивност кон зборот „мајка“ – изјави во една пригода Грајмс.
Децата на Маск треба почесто да читаат отколку да играат видеоигри
Љубовта на Маск кон видеоигрите му помогнала да развие страст за програмирањето, што му послужило толку добро во неговата кариера. Секако, неговите деца го следеле примерот како страсни играчи на видеоигри. Иако генерално ги поддржува своите деца да се занимаваат со хобија што ги сакаат, тој има едно многу строго правило во врска со игрите, па тие треба да поминат двојно повеќе време читајќи отколку играјќи видеоигри.
Маск вели дека го прави тоа за да ги спречи неговите деца да станат премногу зависни од екраните.
Маск смета дека неговите деца треба да се соочат со тешкотии за да станат успешни
Можеби е лесно да се заборави со оглед на неговиот статус сега, но Маск се соочил со многу предизвици во детството и раната зрелост. На 17-годишна возраст се преселил од својата родна земја Јужна Африка во Канада без никаква поддршка од родителите. Бил жртва на врсничко насилство до својата 15. година. Иако овие тешкотии биле прилично тешки во тоа време, тој верува дека му помогнале да го оствари успехот што го постигна.
– Имав ужасно воспитување. Имав многу проблеми додека растев. Една работа за која се грижам во врска со моите деца е дека не се соочуваат со доволно проблеми – изјави тој.
Децата на Маск се грижат за сопственото здравје
Се чини дека Маск поттикнува здрава исхрана, како и здрав ум во своето домаќинство. Дадилката која некогаш се грижела за неговите деца во видео на „Тик-ток“ рече дека децата биле свесни за сопственото здравје. Исто така, таа ги опишува како добро воспитани и дека манирите се важни во домаќинството на Маск.
Одат на училиште што го основал Маск
Во согласност со неговите ставови за традиционалното образование, Маск основал свое училиште во кое учениците учат онака како што тој верува дека треба да учат сите деца, па таму ги запишал и своите деца.
Во интервју во 2014 година тој спомена дека го основал училиштето „Ад астра“ во Јужна Калифорнија, што на латински значи „до ѕвездите“, а повеќе детали за училиштето даде во интервју за кинеската телевизија, кое во меѓувреме е избришано.
Во едно интервју, тој кажа училиштето дека не ја следи традиционалната структура на одделенија и повеќе се фокусира на критичко размислување и решавање проблеми.
912