Воспитување

Родителите во сиромашните земји сакаат да заработат од своите деца

Не е лесно да се биде роб, а ние плаќаме за нашите деца да бидат ставени на таа позиција

Давеникот се фаќа за сламка, па така и родителите во сиромашните земји сакаат да заработат пари од своите деца. Тој хорор-филм би го нарекла: „Детето сака, ние го следиме“.

Ја знаете шегата кога Мујо краде 100 кг дрва од дворот на соседот и го „мести“ детето? На прашањето како може детето да носи 100 килограми, тој одговара: „Што знае детето што е 100 кг, па може да го направи тоа“…

До 14-тата година од рамената на децата се симнати речиси сите обврски. Не затоа што се слатки, туку науката докажала дека нивната способност за оценување е ограничена. Значи, мораме да интервенираме кога некој малтретира деца. А ние само го испишуваме нашето дете и озборуваме. Или го оставаме „да зајакне“.

И така децата што остануваат во спортот тонат… и ние си висиме на конец и навиваме утре барем да заработат стипендија… и им даваме додатоци, ги носиме од терапија на терапија. Ги учиме како да играат низ болката и дека таа болка ќе ја разочара публиката. А тие деца немаат ни плата.

А богатите? Ги носат децата на секој спорт по 1-2 години, со сугестија дека детето не треба случајно да се заљуби во некој спорт, туку да тренира и да го практикува цел живот ВО СЛОБОДНО ВРЕМЕ додека студира, а подоцна да го развие својот сопствен или семеен бизнис. Ќе им се купат карти во ВИП-ложата за да седат убаво облечени и да бидат згрижени ако врне. Ќе платат некој од играчите да дојде на забавата ако сакаат. Играчот ќе дојде. Ќе мора.

Еднаш прашав за условите за раскинување на договорот за стипендија (на дете 16 години) и со денови во главата ми одекнуваше прашањето: „Го продадоа детето, па сакаат да го купат? Земи го, ако веќе не ти треба, фрли го, купи ново.“

Јас не разбирам. Само сакам да повторам 100 пати – еден млад човек мора да се развива во сите аспекти денес. Програмирање, јазици, спорт, дружење, патување.

Не е лесно да се биде роб, а ние плаќаме за нашите деца да бидат ставени на таа позиција.

Внимавајте што посакувате, може да ви се оствари. За џабе не се вели: КУПИЛ играч. Ги ангажираш сите други професии, а нив ги купуваш. И тоа е навистина точно.

Наместо тие да бидат херои, како што јас би ги третирала…

Автор: Снежана Голиќ

Извор

Поврзани написи

To top