Овие деца живеат во населба позната како Клиф Вилиџ, која се наоѓа на рид од 800 метри во Југозападна Кина, во кањонот на реката Меигут.
Бидејќи локалното училиште се наоѓа во подножјето на планината, патот до него значи спуштање по многу опасна скала.
Петнаесет деца на возраст од 6 до 15 години, придружувани од тројца возрасни, два часа се спуштале по скалата што ги дели од училиштето и се враќале дома само двапати месечно поради опасностите на патот.
Истата скала се користела еднаш неделно за да се стигне до најблиската продавница. Кога некој селанец бил премногу болен за да се спушти по планината, некој морал да го врзе за грб и така да ја помине скалата.
Во минатото патувањето до училиште било толку тешко поради лошите временски услови, па често се случувало родителите воопшто да не ги запишат своите деца на училиште, иако имале 6 или 7 години.
И покрај изолацијата на селото, таму живееле десетици семејства, повеќето во куќи од кал, слама и дрво, бидејќи нивните предци го избрале овој начин за да се скријат од војните и племенските конфликти.
Најголемата желба на овие храбри жители на градот била изградбата на пат кој би им го олеснил животот.
Иако жителите не добиле пат, биле преселени во нови домови, во питомо опкружување и што е најважно – со лесно достапно училиште.
Голем број семејства денес се веќе вселени во новоизградени станови како дел од локалната кампања за намалување на сиромаштијата, додека околу 30 домаќинства ќе останат во селото Атулер, кое ќе биде претворено во туристичка дестинација.
Според кинеските државни медиуми, овие домаќинства всушност ќе бидат задолжени за локалниот туризам.
Локалните власти имаат амбициозни планови за ова планинско место, меѓу кои и поставување жичница за превоз на туристи до селото и развој на некои од околните области.
912