Кралицата Елизабета родила четири деца: кралот Чарлс III (1948), принцезата Ана (1950), принцот Ендру (1960) и принцот Едвард (1964). Таа никогаш не била фотографирана бремена бидејќи во минатото било табу-тема бремените членови на кралското семејство да бидат видени во јавноста.

Во минатото кралскиот протокол бил исклучително строг, па на бремените жени им било забрането да кажат дека се бремени.

Во 1948 година „Њујорк тајмс“ објавил кратка изјава во која пишувало: „Принцезата Елизабета нема да учествува на каков било вид јавен настан по крајот на јуни“.

Пет месеци подоцна таа го родила Чарлс. Исто така, таа никогаш не се сликала со бебињата пред скалите на болницата, нешто што денес се смета за традиција.

Принцот Вилијам беше првиот наследник роден во болница. Следниот ден, принцезата Дијана и кралот Чарлс позираа со него пред болницата „Сент Мери“ во Падингтон.

Извор



912

X