Образование

Триесет и четири златни и сребрени медали за учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

Седум ученици од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ на „World Scholar’s Cup“ во Прага, Република Чешка, освоија 34 златни и сребрени медали. Еден ученик има освоено 14 медали за постигнат успех во дебатирање и општо знаење, со што учениците директно се пласираа на финалниот натпревар кој ќе се одржи на „Јејл“ во САД.

– Овие признанија не се први за нашите основци од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Во февруари годинава од глобалниот натпревар кој се одржа во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати се вратија со 28 медали и два трофеј – информираат од Општина Центар упатувајќи искрени честитки на учениците.

Извор: МИА

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top