Причините за тешкотиите и грижите на децата често се кријат во сферата на нивните чувства. Советувања од типот на животни лекции тогаш нема многу да ви помогнат. Во такви ситуации најдобро е активно да го слушате детето, што всушност е поразлично од она на што сме навикнати.

Во ситуации кога детето е вознемирено, навредено, не успеало во нешто, кога е повредено, се срами, се плаши, кога кон него се однесувале грубо или неправедно, па дури и кога е многу уморно, првото нешто што треба да го направите е да го рефлектирате како огледало она што според вас детето го чувствува во моментот. Пожелно е таквите чувства или искуства да се именуваат, како на пример:

Дете: Нема да ја носам оваа страшна капа!

Мајка: Не ти се допаѓа многу.

Најверојатно ваквите одговори ќе ви изгледаат необични, па дури и неприродни бидејќи најчесто сме навикнати да ги преплавуваме децата со прашања: Зошто не ти се допаѓа?; Како тоа нема да одиш на училиште?; Дали треба јас наместо тебе да го правам ова? итн.

Со активно слушање родителите покажуваат дека ја разбрале внатрешната состојба на детето, дека се подготвени откако ќе слушнат повеќе за тоа, да ја прифатат. Таквото буквално сочувство на мајката или таткото остава многу посебен впечаток на детето, а понекогаш и многу повеќе, тоа има ефект врз самите родители.

Ако сакате да го слушате детето, не заборавајте да се соочите со него. Исто така, многу е важно неговите и вашите очи да бидат на исто ниво. Ако детето е мало, седнете до него, земете го в раце или в скут, можете малку да го повлечете кон себе, да му пријдете или да го придвижите столчето поблиску до него. Избегнувајте да разговарате со вашето дете додека е во друга соба, свртено кон шпоретот или мијалникот, ако гледате телевизија или во телефонот, читате весник, седите, се потпирате на стол или лежите на каучот. Вашата позиција во однос на него и вашето држење се првиот и најсилниот сигнал за тоа колку сте подготвени да го слушате и ислушате. Бидете многу внимателни на овие сигнали бидејќи децата многу добро „ги читаат“ и ќе одговорат својствено на тоа.

Откако детето ќе се увери дека возрасниот е подготвен да го слуша, почнува да кажува сѐ повеќе и повеќе за себе, темата на приказната се развива. Понекогаш во еден разговор неочекувано се расплетува цела низа на проблеми и грижи кои тоа ги сокривало и потиснувало.



912

X