Воспитување

Колку време за себе имаат мајките?

Жената која работи и има дете, со него поминува во просек по 145 минути квалитетно време дневно, а мажите половина помалку. Британските истражувачи објавиле дека просечна вработена мајка има само 26 минути дневно за себе и за своите потреби. Работата и грижата за децата буквално ѝ дозволуваат да одмори помалку од половина час. Приказната продолжува кога децата ќе пораснат и ќе ја напуштат куќата.

Според Центарот за социјални истражувања во Обединетото Кралство, откако жените ќе станат баби, тие повторно се грижат за малите деца, но овој пат за внуците. Извештајот на центарот, „Променливото лице на мајчинството“, открива дека притисокот со кој се соочуваат мајките денес е многу поголем од оној во 30-тите години. Дури 30 проценти од жените имаат помалку време за себе отколку што тоа било случај со нивните мајки – вкупно околу три часа неделно.

Девет од десет од нив се чувствуваат виновни за времето што го имаат на располагање со своите деца, што е околу 145 минути дневно во просек. Татковците поминуваат речиси двојно помалку време со своите деца. Важно е да се напомене дека податоците се однесуваат на вработените родители. Половина од вработените мајки изјавиле дека помошта од бабите и дедовците е едноставно незаменлив елемент во воспитувањето и грижата за децата. Но, социјалните мрежи како „Фејсбук“ и „Твитер“, исто така играат важна помошна улога во одржувањето на секојдневниот контакт меѓу мајките и децата. Сепак, и покрај нивните херојски напори, три од десет жени (од вкупно 1.000 анкетирани) признале дека биле под постојан притисок да бидат „совршената мајка“.

Истражувачкиот центар тврди дека семејството, особено бабите, станале многу важен фактор во помагањето на модерната жена/мајка и тоа не е изненадувачки со оглед на тоа што, како што вели Кејт Фокс, една од менаџерките на центарот, таа е „под постојана притисок да работи во две смени – да биде совршена мајка и во исто време да стави леб на масата“.

Автор: Карина Шиждрак

Извор

Поврзани написи

To top