Не постои ден во родителството без „аха моментот“ – тој момент кога родителот сфаќа што треба да се направи и како сè може да биде поедноставно. Првиот пат во таква ситуација ќе има многу грешки затоа што сте неискусни (вториот пат, сè ќе биде многу подобро).
Една мајка на порталот „Netmums“ сподели листа со лекции што ги научила од своето искуство и кои грешки нема да ги повтори со второто бебе.
1. По породувањето нема да имам толку посетители
Бев исцрпена по породувањето и ми требаше време само за мене, моето дете и мојот партнер. Но дојдоа многу луѓе и се сеќавам дека само си помислив: „Те молам, оди си и остави ме да спијам“. Убаво е да имаш гости, но со второто дете ќе биде под мои услови и тогаш кога ќе бидам подготвена.
2. Одговорете веднаш на секое плачење
Реагирав на моето бебе секогаш кога ќе заплачеше макар и малку – ноќе или дење. Со второто дете ќе бидам поопуштена. Сега знам дека понекогаш бебињата плачат, но ќе бидат добро за минута или две ако не можам да одам веднаш.
3. Нема да се трудам сѐ да правам сама
Тешко ми беше да дозволам партнерот или некој друг да ми помогне. Чувствував дека морам да направам сè сама и тоа беше исцрпувачки. Се обложувам дека ќе им дозволам на другите повеќе, а ако не понудат помош, ќе бидам доволно храбра сама да побарам.
4. Нема да станам роб на бебешката рутина и спиење
Се ставив во смешна положба бидејќи цел мој ден го организирав околу спиењето на детето. Избегнував да одам некаде за да не се наруши спиењето на бебето, а потоа се чувствував фрустрирана и заробена. Овој пат сè ќе оди без проблеми и ќе биде сосема во ред за моето бебе да се вклопи во распоредот додека расте.
5. Нема да ја спакувам половина куќа кога ќе одам на кратко патување
Кога одев на кратко патување, буквално ставав сè во моите куфери освен мијалникот од кујната. Нема да ја направам истата грешка со моето второ дете, ми требаат само основните работи – пелени, влажни марамчиња и храна.
6. Нема да се чувствувам виновна ако направам нешто „погрешно“
Со моето прво дете ја читав секоја книга за родителство што можев да ја најдам, што треба и што не треба да прават родителите и го слушав секој совет без разлика кој ми го дал. Се сомневав во себе за сите работи што ги правев. Почнав да се сомневам во сопствените инстинкти. Почнав да мислам дека сè што правам е погрешно. Овој пат ќе си верувам и ќе бидам понежна со себе. Ќе правам грешки (кој не прави), но ќе ги надминам.
7. Нема да трошам многу часови приготвувајќи каши
Сериозно, со часови правев каши, а потоа ги замрзнував на мали коцки и ги одмрзнував за да го нахранам моето бебе. Овој пат не мислам да го правам тоа.
8. Нема да се грижам за развојот на бебето
Изгубив многу часови грижејќи се дека бебињата на моите пријатели се многу понапредни од моето бебе. Други деца веќе одеа, но моето не. Другите бебиња веќе зборува, а моето велеше само „тато“. Се убедив себеси дека сум лоша мајка и дека правам нешто погрешно. Овој пат знам дека секое бебе различно се развива и не постои трка кој прв ќе стигне до целта.
9. Нема повеќе да бидам досадна мајка
Фејсбук-пријатели, извинете за приближно 7.965 фотографии што ги објавив во текот на првата година од животот на бебето – знам дека вашите денови би биле исполнети и без фотографиите од моето бебе кое првпат користи лажица.
10. Нема да ги запоставам моите пријатели
Се каам што ми требаше една година за да им се јавам на моите пријатели откако се породив. За сите договори што не ги почитував затоа што бебето беше болно или нервозно. Ветувам дека ќе бидам подобра пријателка и дека ќе бидеме во контакт!
912