Анелеис Кинг создава содржина која им помага на родителите да се чувствуваат видени и слушнати. Таа неодамна проговори за стереотипите поврзани со невработените мајки.

Во неодамнешна инстаграм-објава таа рече дека никој не го цени она што го прават мајките освен ако не заработуваат пари.

Кинг има повеќе од 290 илјади следбеници и редовно објавува за различни родителски проблеми, од секојдневни стресови до заблуди.

Сега таа се отвори за стереотипите поврзани со невработените мајки.

– Кога општеството ги прашува мајките зошто толку многу се жалат на децата што ќе одлучат да ги имаат – напиша таа, а потоа ја појасни својата порака: – Се жалиме затоа што сме преоптоварени. Се жалиме затоа што не се чувствуваме видени. Се жалиме затоа што никој не го цени она што го прават мајките, освен ако не заработуваат плата – вели таа.

Откако го објави видеото, многумина ѝ се заблагодарија за искреноста, а објавата имаше повеќе од 2.200 лајкови.

– Мајките не се единствените што се справуваат со овие емоции – пишува еден интернет-корисник.

– Ова е толку искрено – додава друг.

Извор



912

X