На тик-токерката @mrsmessy ѝ здосадило да чисти по сопругот, па одлучила да му се одмазди.

За да покаже колку малку работи нејзиниот сопруг низ дома, таа престанала да го чисти домот и да пере алишта во период од еден месец. Како што предвидела, куќата за брзо време била во ужасна состојба.

На видеото што го објавила на „Тик-ток“, на подот се гледа куп валкани алишта, пакетчиња чипс и ѓубре. И покрај тоа што видеото докажува дека нејзиниот сопруг не прави ништо во нивниот дом, тој се обидел да ја префрли вината врз неа и ја обвинил дека не прави ништо.

– Почна да ги фрла моите средства за чистење. Ми рече дека не ми требаат штом не чистам – напиша таа.

@mrsmessytiktok #cleantok #cleaning #cleaningtiktok #cleaningmotivation #narcissist #narcissistic #mess ♬ Nightcore Forever She looks so perfect Newk82 – Kev

Но, приказната имала среќен крај за оваа жена. Неодамна таа објави дека нејзиниот сопруг отишол во тринеделна посета кај неговата мајка.

– Сега сум најсреќната личност бидејќи уживам во мирниот и тивок дом – рече таа.

@mrsmessytiktok Reply to @a.jmarshall Am I wrong for doing so? #cleantok #messyhouse #messylife #majorproblem #husbandissues #narcissist #narsissisticrelationship #fyp ♬ Oh No – Kreepa

Извор



912

X