Кога станува збор за воспитувањето на децата, Викторија и Дејвид Бекам имаат многу строги правила. Својот родителски метод го нарекуваат строг, но праведен, а нивните четири деца, 23-годишниот Бруклин, 19-годишниот Ромео, 17-годишниот Круз и 10-годишната Харпер мора да следат одредени правила на однесување.

– Викторија и јас пораснавме во семејства каде што имаше строга дисциплина и почит кон возрасните, па нашите деца ги делат истите вредности – рече Бекам додавајќи дека неговите синови се многу учтиви момчиња кои знаат да кажат „те молам“ и „благодарам”.

Како изгледа родителската средба на семејството Бекам?

Семејството Бекам им го даде на своите деца најдоброто можно образование во приватно училиште со строги правила на однесување. Дејвид откри дека првото прашање што го поставуваат тој и Викторија на родителска е токму она што се однесува на однесувањето на децата на училиште, а одговорот на наставникот е секогаш ист – тие се примерни.

Да се помогне на другите

Дејвид и Викторија се свесни за фактот дека нивните деца водат многу привилегиран живот, па затоа уште од мали ги учат на важноста на давање.

– Често им кажуваме дека низ целиот свет има деца што се гладни, бездомници или болни – рече Викторија, додавајќи дека е императив децата да научат колку е важно да им се помага на другите.

За работната етика

– Напорната работа е една од најголемите вредности што можете да им ги всадите на вашите деца, а ние водиме со пример учејќи ги за важноста на напорната работа – вели Дејвид.

Неочекувано правило

И конечно, можеби најнеочекуваното правило во куќата на семејството Бекам ќе изненади многумина – на децата им е забрането да играат со топка во куќата.

– Секако дека играат и трчаат низ куќата бркајќи ја топката, но јас не им го дозволувам тоа – рече Викторија, додавајќи дека ова правило ѝ било најтешко да го примени.

Извор



912

X