Блиску сме до конечно решение, соопштија денеска на заедничка прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, и претседателот на СОНК, Јаким Неделков. Тие најавија дека разговорите даваат резултати и дека се разгледани повеќе решенија.
-Денеска разговаравме за повеќе предлог-решенија од двете страни и дојдовме до приближување на ставовите – изјави министерката Тренчевска.
Таа најави дека преговорите ќе продолжат во текот на неделата.
-Продолжуваме со дијалогот и се надевам дека до крајот на неделата ќе имаме конечно решение – додаде таа.
Првиот човек на СОНК предупреди дека може да има последици доколку не се изнајде заедничко прифатливо решение, но воено потврди дека преговорите се движат во добар правец.
-Има добра волја од двете страни да се надмине ситуацијата, продолжува и дијалогот со МОН. Она што е договорено со работните групи од двете министерства e дека колективните договори ќе бидат пропишани во соодветна рамка – нагласи претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Неделков.
Фото: Facebook (printscreen)
912