Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска побара од членовите на Синдикатот за образование, наука и култура да овозможат учениците да се вратат на настава. Тој кажа дека барањето на СОНК е легитимно и дека покачување на платите ќе има.

– Социјалниот дијалог со СОНК ќе продолжи, но приоритет за мене како министер се учениците и нивното враќање во училишните клупи за да немаат празнини кои тешко или никако нема да се надополнат. Најдобар интерес е учениците да се вратат во училниците – рече тој.

Шаќири испрати апел до СОНК да им се овозможи на учениците навремено да ја завршат учебната година.

– Тоа е наша законска, морална и етичка обврска. Наставниците се најважна алка во образовниот процес, но и учениците се важна оска на секоја образовна политика и затоа не смеат повеќе да губат од наставата – рече Шаќири, кој на крајот упати и молба до синдикалците кои се на генерален штрајк да овозможат враќање на учениците во училишните клупи.

Вчера во МОН имаше средба меѓу министерот и претставници на СОНК, на чело со претседателот Јаким Неделков. Преговорите не вродија со плод. Штрајкот продолжува. За денеска во 13:30 часот е закажана прес-конференција во СОНК.



912

X