Последниот месец животите на украинските деца беа исклучително тешки и стресни. Милиони од нив, одведени од топлите домови, нивните мали кревети, нивните играчки и рутини – во бегство од единствената земја што некогаш ја познавале. Додека остатокот од светот се бори да најде домови за овие деца, многумина остануваат без едноставните удобности и забава, како што се ТВ-емисиите. За да ублажат дел од оваа неволја, неколку големи мрежи во Велика Британија се здружија за да создадат бесплатен канал на „Јутјуб“ за украинските деца бегалци да можат безгрижно да ги гледаат популарните серии за деца.
Иницијативата на големите медиумски куќи
„Би-би-си“, „Ај ТВ“, Скај њуз“, „Канал 4“, „Канал 5“ и „БФИ“ ги здружиле силите за да создадат единствен и бесплатен јутЈуб-канал кој ќе биде достапен за 3 милиони раселени Украинци низ Европа. Каналот ќе емитува оригинални британски серии за деца синхронизирани на украински, како и украински телевизиски серии. Идејата да се создаде бесплатен, лесно достапен канал на „Јутјуб“ за украинските деца бегалци произлегува од Џон Меквеј, извршен директор на „Пакт“, група независни телевизиски продуценти. „Со поддршка на многу индустриски партнери развиваме предлог за отворање нов канал на Јутјуб за украинските деца и семејства“, напишале од „Пакт“ на „Твитер“. „Овие деца ќе најдат топол дом, ќе имаат храна во стомакот и, благодарение на дарежливоста на толку многу сограѓани, ќе бидат згрижени. Она што нема да го имаат е содржината на украински јазик“, изјави Меквеј за „Ајњуз“.
Каналот на „Јутјуб“ допрва треба да биде именуван, но Меквеј веќе им пристапил на другите членови на „Пакт“ за да сподели програми што би биле едукативни, драматични или смешни, всушност „сѐ што би одговарало на широката детска публика“. Меквеј во е-пошта испратена до „Ајњуз“ напишал дека украинските деца треба да имаат пристап до програми кои можат да ги утешат, негуваат и забавуваат младите умови на нивниот јазик.
With the support of many industry partners we are developing a proposal to launch a new YouTube channel for Ukrainian children and families.
— Pact (@PactUK) March 28, 2022
We are calling on Pact members to get involved.
Find out more here: https://t.co/dVFMDVbvfu#UKindies #WeStandWithUkraine pic.twitter.com/9jl3F3MCRp
Извор
912