Со години нашата земја имаше одличен степен на вкцинација, но за жал сега не е така, истакна министерот за здравство, Венко Филипче на музичкиот хепенинг кај Школка скопскиот Градски парк во парк по повод Светската недела на имунизација.

Според него, постои голем ризик дел од болестите кои со години наназад се искоренети, да се вратат назад, односно да ги донесат патници од земјите каде што тие се присутни и да се заразат невакцинираните деца.
– Ќе промовираме кампањи да ја подигнеме свеста и на населението и на здравствените работници, за бенефитите од вакцинацијата, да воведеме нови вакцинации во календарот, а календарот да го осовремениме со заменување на старите со нови вакцини. Антивакциналните кампањи се докажаа дека не се вистинити. Имаме обврска да се вакцинираме самите и да ги вакцинираме нашите деца – истакна Филипче.

Во однос на епидемијата на морбили во Србија, министерот Филипче рече дека кај нас нема регистриран поголем број на случаи, но оти Министерството будно ја следи ситуацијата. Во фаза на формирање е и координативно тело за вакцинација коешто ќе ги следи состојбите и ќе работи на осовременување на календарот и на контролата на вакцинација за имунизација.
Превентивни вакцинални тимови наредната недела ќе ги проверуваат вакциналните картони и ќе бараат невакцинирани деца за да бидат имунизирани.

Претходно министерот Филипче најви дека се надева дека ќе успеат во тоа да се спроведе правилото услов за запишување во градинка и во училиште да биде децата да бидат вакцинирани. Тој кажа дека се надеваат оти ќе успеат во спроведувањето бидејќи треба да се прилагоди законската регулатива.



912

X