Здравје

Големиот одмор и малите задоволства што ги поврзуваат децата и родителите

Ако ги прашате децата кој дел од училишниот ден најмногу го сакаат, големиот одмор сигурно ќе биде меѓу првите одговори. Тоа е време да се отвори ужината, да се продолжи разговорот со другарчето од клупата и да се истрча во училишниот двор. Меѓу часовите и задачите, овие кратки паузи носат смеа, игра и доживувања за кои подоцна се раскажува дома.

За родителите, дел од тој одмор започнува уште наутро, додека ја подготвуваат ужината и ја ставаат во училишната чанта. Покрај прашањето дали се спакувани сите книги, често доаѓа и она: „Што сакаш да понесеш за ужина?“ Кога изборот е Моја Кравица чоколадно млеко, тоа е едно мало внимание од дома што го придружува детето во неговиот училиштен ден.

А кога ќе заѕвони за голем одмор, започнува омилениот дел од денот. Некој раскажува што му се случило вчера, друг предлага што да играат, а веќе се прават и планови за по училиште. Со својот препознатлив чоколаден вкус, Моја Кравица станува дел од малите задоволства за време на оваа пауза, додека главните теми остануваат другарите, игрите и сите случки што треба да се раскажат пред следниот час.

Токму тие разговори лесно ги навраќаат и родителите во нивните училишни денови. Доволно е детето да спомене игра од дворот или нешто смешно од одморот, па да се појави и нивното: „И ние така правевме!“ Се присетуваат на другарчињата, омилените ужини и минутите што ги броеле до ѕвончето. Така, еден обичен разговор за училишниот ден станува можност децата да дознаат какви биле мама и тато кога биле на нивна возраст.

И по враќањето дома има место за мал заеднички одмор. Пред домашните задачи и другите обврски, неколку минути за ужина и разговор се доволни за детето да ја раскаже најинтересната случка од денот, а родителот да сподели свој спомен. Моја Кравица чоколадно млеко може да биде дел и од оваа семејна пауза, во која малите секојдневни моменти создаваат нови заеднички спомени.

Затоа што големиот одмор трае кратко, но спомените од детството остануваат долго. А понекогаш е доволно само едно прашање – „Како ти помина денот?“ – за и возрасните повторно да се потсетат на радоста на детските денови.

Моја Кравица – биди дете.

(Комерцијална објава)

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top