Онлајн наставата е најбезбедна форма и за учениците и за наставниците. Има многу реинфекции на ковид-19, со симптоми по втор, третпат, се само дел од коментарите на членовите во групата „Поддршка за онлајн настава“
Второто полугодие почна денеска. Дали децата да носат маски или не, дали да престојуваат во училница со отворени прозорци или не, зошто наставата не се одвива онлајн во време кога бројот на заразени со ковид-19 достигнува и до 2.000 случаи на ден? Вријат социјалните мрежи од коментари на родители во однос на овие прашања, иако надлежните беа децидни во одлуката второто полугодие да почне со физичко присуство. Македонија е седма држава по смртност од ковид-19, но тоа не беше доволна причина да одлучат поинаку здравствените и образовните власти во земјава. За тоа како е најпаметно да се постапи, разговаравме со епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски.
Да учат онлајн оние што не сакаат децата да им одат во училиште
Ако од кои било субјективни или објективни причини родителите не можат или не сакаат да ги пуштат децата на настава во живо, тогаш за нив да биде овозможена настава на далечина („онлајн“), вели Даниловски.
– Одлуката за почнување настава во живо со отворени прозорци, при што децата да ротираат на местата покрај прозорците е нехумана кон децата. Тука доаѓаме пак на она што го кажав на почетокот, настава во живо – да, ама да се заштитени домашните – со вакцина, изолација или маски, сеедно. А во училиште да не носат маски. И онака сигурно веќе 80 отсто се прелажани. Наставниците треба да бидат вакцинирани со три дози или – ако се прележани – со две дози. Има реакции дека имало наставници со хронични болести. Во ред, сигурно има. Нека се вакцинираат со три дози и ќе бидат безбедни – вели Даниловски.
Прочитајте повеќе на Факултети.мк.
912