Сузи Трокслер отсекогаш сакала да биде мајка. Сега, на 50-годишна возраст ѝ се оствари желбата.

Сузи го родила своето прво дете, девојчето Лили, на 29 септември во болницата „Кон Меморијал“ во Северна Каролина.

– Беше нереално. Сите коцки се наредија кога тоа се случи. Не сме повеќе само маж и жена, сега сме мама и тато – изјави Трокслер.

Таа и нејзиниот сопруг Тони, кој има 61 година, се венчале во 2008 година и постојано се обидувале да добијат дете по природен пат. Пред две години Сузи почнала процес на ин витро оплодување, а подоцна се одлучила и за донација на јајце-клетки.

По неколку неуспешни обиди, пристигна пандемијата и многу клиники за плодност беа привремено затворени. На почетокот од оваа година, на 1 февруари, таа направи трансфер на последниот ембрион.

– Еве ја Лили. Тоа беше животно патување – додава возбудената мајка.

Поради нејзината возраст, бременоста била ризична, но поминала без тешкотии. Според Американскиот колеџ за акушери и гинеколози, „жените што забремениле подоцна во животот имаат поголем ризик од компликации, вклучувајќи прееклампсија и други здравствени проблеми“.

– Знаев дека еден ден ќе станам мајка. Не знаев како ќе се случи, природно, преку процесот на медицински потпомогнато оплодување или со посвојување. Но знаев дека ќе станеме родители. Не сакавме да се откажеме. Имавме верба во тоа, сонувавме да имаме бебе – додаде Трокслер.

– Медицински гледано, ова беше невозможно, но таа е тука – заклучува пресреќната мајка.

Извор



912

X